Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир.
На терен се присутни и специјалци, а извори на 24инфо.мк информираат дека претходно се слушале и пукотници. Неофицијално, има и повредени лица. Повеќе информации очекуваме од МВР во текот на ноќта.
Според неофицијалните информации во моментов во бегство се лица кои се наоѓаат во автомобил марка Пасат со кумановски регистарски ознаки.
Во тек е полициска акција. На лице место има зголемено присуство на полиција и специјални сили.