Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство проследи информацијата дека прво роденото бебе оваа година е машко.

Тоа се наоѓа во добра здравствена состојба, истото е тешко 3,190 килограми и родено е точно во 00:01 часот.

Мајката на новороденчето е Сања Талевски.

– Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Годинава ја почнавме со принц! Бебето е од машки пол, тешко е 3190грама и е долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато, соопштија од ГАК Скопје.

На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости.