Голем руски воен транспортен авион „ил-76“ се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот.

Според руските извештаи, цитирани од Министерството за одбрана, загинале најмалку 65 лица. Новинската агенција Риа Новости објави дека меѓу најголем дел биле заробени припадници на украинските вооружени сили.

На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа огромна експлозија.

Ilyushin Il-76 е повеќенаменски транспортен авион со четири мотори.

Развиен е за испорака на тешка механизација до оддалечените, слабо сервисирани области. Воените верзии на „ил-76“ се широко користени во Европа, Азија и во Африка, а се користат и како танкер за воздушно полнење гориво или команден центар.