Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Калифорнија, јавува EMSC.
Како што се наведува, епицентарот бил на 308 километри од Санта Роса, на длабочина од 10 километри.
Издадено е предупредување за цунами.
На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од земјотресот.
Засега нема информации за загинати, повредени и причинета материјална штета.