Земјотрес со јачина од 3,8 степени го погоди Крагуевац, информира Републичкиот сеизмолошки завод. Како што јавуваат српските медиуми, земјотресот силно се почувствувал.

– Сериозно се затресе, навистина се почувствува. Телевизорот ни се тресеше, но и јас кој лежев на каучот – вели Драгана од Крагуевац. Друг сведок на земјотресот опиша како изгледал.

– Подот се заниша и се слушна како да пукна бомба, многу силен удар – изјавил еден од жителите на Крагуевац.

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Херцеговина, потврди ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Груд, а на 37 километри од Мостар. Се уште нема информации за евентуална штета.