Неколку проектили вечерва биле истрелани кон американскиот конзулат во Ербил во северозападен Ирак, јави Ирачката новинска агенција (ИНА). Ербил е главен и најнаселен град во Курдистанскиот регион во Ирак.
Гувернерот на Ербил, Омед Хоснау, изјави дека неколку проектили паднале во областа, велејќи дека не е јасно дали целта бил американскиот конзулат или аеродром во градот. Според Ројтерс, нема информации за жртви. Според ИНА, во нападот се слушнале пет експлозии.
Видеата од местото на настанот објавени на социјалните мрежи покажуваат повеќе големи експлозии во областа. Според некои извештаи, ракетите користени во нападот наводно биле ирански Фатех-110, објави Ал Арабија, повикувајќи се на курдски извори.
Dozen of rockets fall around the new #US consulate in #Erbil. #Kurdistan24 is damaged also.
— Barzan Sadiq (@BarzanSadiq) March 12, 2022
Во извештајот на новинарите на Курдистан24 на социјалните мрежи се наведува дека нападот ги оштетил канцелариите и студијата на таа телевизија во Ербил.
#BREAKING: Video reportedly of ballistic missiles hitting US base in Erbil, north Iraq pic.twitter.com/gqX2Se9m7X
— ELINT News (@ELINTNews) March 12, 2022
Ербил е главен град на автономниот курдски регион во северен Ирак. Засега не е јасно кој ги испукал проектилите. Иран во последните денови се закани со одмазда поради смртта на двајца офицери на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во наводниот израелски воздушен напад во Сирија минатата недела.
Милитантите поддржани од Иран, наводно, ја нападнале базата Ал Танф, во која се сместени американските сили, во октомври како одмазда за наводните израелски воздушни напади.