Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.
Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово. Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи, дворови а сопствениците поставуваат соодветни бариери за заштита од водата да не навлезе во домовите.
Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот. ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така дел од екипите на ТППЕ-Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти, соопштија ОД ЦУК.