Сирените за воздушни напади се огласија во многу градови низ Украина, објавија локалните медиуми.

Некои од градовите каде се слушаат сирени за тревога се Киев, Черкаси и Кропивницки во централна Украина, Запорожје и Днепар на југоисток, Житомир на исток и Харков и Суми во североисточните региони на Украина.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина убиени 136 деца

– Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, што беше лиферувано преку апликацијата Телеграм, пренесоа британските медиуми.

Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк.

Во инвазијата се повредени 199 деца, додаде обвинителството.

Британските медиуми забележуваат дека во моментов нема независна потврда на овие податоци на Украинското државно обвинителство

Зеленски: Русија изгуби повеќе од 16.000 војници во Украина

– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија од почетокот на инвазијата изгубила над 16.000 војници.

– Загубите на Русија надминаа 16.000. Меѓу нив има и високи команданти. Засега нема информации за загинати руски генерал-полковници или адмирали, но во таа бројка го имаме командантот на една од окупаторските војски и втор по ранг командант на руските сили во Црно Море, истакна Зеленски.