Дете настрада во сообраќајка која утрово се случи во скопската населба Аеродром.

Сообраќајка несреќа во кое е повредено дете, се случи утрово во скопската населба Аеродром, на раскрсницата помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Васко Карангелевски“.

Според првичните информации до несреќата дошло кога моторно возило марка „БМВ“ удрило во дете кое со својот велосипед поминувало на пешачки премин. Очевидци за „Скопје Инфо“ сведочат дека од јачината на ударот детето летнало врз возилото.

Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.