Во тепачка помеѓу три лица што денес се случи во населбата Драчево бил употребен и нож. Според првичните информации во тепачката учесниците завршиле и со посекотини. Двајца жители на Зелениково се тепале со жител на село Страхојадица среде бел ден на улица во скопската населба Драчево.
Денес во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.10 часот на ул. Иван Хаџи Николов, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ф.(37) и Н.Ф.(46), и двајцата од Зелениково, од една страна и Д.А.(32) од с. Страхојадица од друга страна , во која бил употребен и остар предмет, информираат од МВР.
Причина за физичката пресметка се претходно нарушени меѓусебни односи.
Сочинети се записници по чл. 11 од ЗПП ЈРМ.