Најмалку 61 мигрант се удавиле по бродолом кај Либија, објави Меѓународната агенција на ОН за миграција (ИОМ). Меѓу удавените има и жени и деца.
Во објава на социјалната мрежа Х (Твитер), ИОМ наведе дека, според преживеаните, во бродот имало 86 лица.
Тие додадоа дека бродот пловел од Звара во Либија.
ИОМ потсетува дека медитеранската област и натаму останува најопасната мигрантска рута.