После пребарувањето на водите во браната кај село Дрвош, тимот од пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица успеа да го пронајде и извлече безживотното тело на 29 годишното момче кое исчезна пред 7 дена.
На 16-ти јули во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.