Доктор Ратко Грков, раководител на Службата за итна помош во Кавадарци, за МИА потврди дека жртвите биле починати на самото место на несреќата, а за да помогне во несреќата учествувал и персонал од итната помош од Кавадарци кои не биле на работ
На терен интервенирале и против-пожарни возила. Од 06 часот и 40 минути утрово е во прекин сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско, поради сообраќајната несреќа.
Сообраќајката се случила на 500 метри од крстосницата „Камен дол. Дежурниот хирург од кавадаречката болница Благој Митев за Канал 5 објасни дека поради тешките повреди кај тројцата патници биле итно пренесени на Хирушките клиники во Скопје.
– Тоа беа тешки телесни повреди, значи се работи за пациент на 60 годишна возраст каде сите витални параметри беа пореметени. Се пристапи кон интензивно лекување и интубирање и упатен е на Карил во Скопје. И другите две лица поради сериозноста на повредите се пренесени во СКопје, изјави за Канал 5 доктор Благој Митев, дежурен хирург во кавадаречката болница.
На местото на трагичната сообраќајна несреќа е новинарката на Канал 5 телевизија Сања Трајковска Ставров.
Во видеото погледнете го целиот извештај и детали за тоа со какви повреди се здобиле трите лица: