На видеото објавено на социјалните мрежи, пишува дека е со вознемирувачка содржина. На него, прво се гледа дека има вербална расправија меѓу неколку девојчиња, во која се слушаат извици на погрдни зборови, а потоа караницата преминува во физички напад, со удари и влечење за коса.

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје е известен за настанот од видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, а во кое се гледа како две малолетнички претепуваат нивна врсничка, додека други деца отстрана ја снимаат тепачката со мобилните телефони.

„Дадени се насоки за постапување“, велат од Обвинителството.

На видеото објавено на социјалните мрежи, пишува дека е со вознемирувачка содржина. На него, прво се гледа дека има вербална расправија меѓу неколку девојчиња, во која се слушаат извици на погрдни зборови, а потоа караницата преминува во физички напад, со удари и влечење за коса.

Според видеото, додека се случува тепачката, дел од децата кои стојат отстрана, навиваат и снимаат со мобилните телефони.

Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, на 9.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Од МВР соопштија и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.