Лекарот Арбен Тарвари и поранешен министер за здравство ќе биде кандидат за претседател од албанската опозиција, дознава ТВ21.

Ова било договорено деновиве, а официјалицирано вечерва по консултации меѓу опозиционите партии кои се групирани во коалиција.

За потсетување, партијата Алијанса за Албанците во моментов има две крила, едно на претседателот на партијата Арбен Таравари кое одлучи да оди со обединетата албанска опозиција и второ крило на претседателот на Собранието Зијадин Села кој се противеше на одлуката од Таравари.

За на 18-ти недела, партијата има закажано и партиски конгрес.

На локалните избори во 2017 година Таравари стана градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот противкандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта со што станува единствен градоначалник, кој е градоначалник двапти по ред.

На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Арбен Таравари победи во вториот круг и стана старо нов градоначалник на Општина Гостивар.