Полицијата во Бор им одреди притвор на братот и таткото на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2).

– Се сомнева дека му помогнале да го премести телото – вели изворот на „Блиц“.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор под сомнение за убиство.

На кои локации ќе пребарува полицијата денеска?

Како што потврди првиот човек на УКП, Нинослав Чмолиќ, денеска повторно ќе се претресуваат куќите на осомничените, но и пошироката околина.

„Ќе се пребараат септичките јами, ќе одиме и на гробиштата. Има многу локации што ќе пребараме денеска“, рече Чмолиќ.