Осомничениот за убоствата во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, починал откако се самоубил, неофицијално дознава „Вијести“ од повеќе извори.

Според истите информации, тешко ранетиот Мартиновиќ бил пронајден во близина на неговата куќа во населбата Хумчи, откако си пукал во главата.

Најмалку 10 лица, меѓу кои две деца загинаа денеска во масовно злосторство во Цетиње, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица жители на Цетиње.

Мартиновиќ злосторството го започнал во таверната „Велестово“, во близина на Спортскиот центар на влезот во Цетиње, каде уби четири лица, а потоа на три други локации во градот убил уште најмалку седум лица, меѓу кои три жени и две момчиња.