Нермин Сулејмановиќ, убиецот од Градачац кој ја уби сопругата и уште две лица, пред малку изврши самоубиство одземајќи си го животот. Серискиот убиец Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, дознава Klix.ba.
„Пукав во полицаецот, но тој побегна од мене, не го фатив. Бебето е безбедно“, рече тој претходно.
“Убив татко и син. Господ знае како налетаа на мене. Убив жена и двајца непријатели. Се надевам дека убив и полицаец, но не сум сигурен. Бебето е живо”, рекол тој во видео на неговиот Инстаграм профил.
„Ова не ми се први убиства, не зборувам многу, но луѓето не ме сфаќаат сериозно. Но, овојпат ги предупредив сите по ред дека тоа ќе се случи. Таа го криеше моето дете осум дена. Овој пат ги предупредив сите“, рече тој во објавувањето.
Пред да го заврши видеото, тој додаде: „Имам уште луѓе да убијам, само да се наполнам“.
Убиецот е Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес тренер кој веќе и е познат на полицијата.
По Сулејмановиќ во 2016 година беше распишана меѓународна потерница поради насилничко однесување врз полицаец, а една година пред тоа беше уапсен како дел од нарко-бандата на Емир Коџага.