Поранешен ученик (19) од Стручното и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во Турција утрово отворил оган, при што повредил најмалку 16 лица, а на крајот извршил самоубиство.
Објавено е видео од ученици како панично бегаат од стручно-техничкото училиште „Ахмет Којунџу“ во Турција , каде што поранешен ученик (19) утрово отвори оган ранувајќи најмалку 16 лица, а на крајот изврши и самоубиство.
Во вознемирувачко видео објавено на социјалната мрежа „X“, се гледаат ученици со ранци како панично бегаат од училиштето, а потоа се гледаат амбулантно возило и специјални сили како брзаат кон местото на настанот.
Турската Си-Ен-Ен пишува дека некои од повредените студенти скокнале низ прозорецот за да избегаат од вооружениот напад.
Како што објави „Дејли меил“, поранешниот ученик прво се забарикадирал во училиштето, а по неуспешни преговори, извршил самоубиство.
Според очевидци, напаѓачот влегол во дворот на средното училиште со пушка и отворил оган.
– Прво пукаше во дворот, а потоа пукаше директно во училиштето – рече тој за „Турки Тудеј“.
Друг очевидец рекол дека видел млад човек со долга цевка пред да избувне хаосот.
– Го извади оружјето и почна да пука. Пукаше во секој што му се испречи на патот – додаде тој.
Учениците и наставниците беа итно евакуирани, а голем број припадници на специјалните единици се пред училиштето. Ранетите ученици беа пренесени во болници.
Мотивот за пукањето засега не е познат. „Дејли меил“ пишува дека пукањата во училиштата во Турција се многу чести.
Според првите извештаи, во нападот се повредени 10 ученици, четворица наставници, еден полицаец и еден работник во мензата, а повредените се пренесени во државната болница Сиверек, јавува турската Си-Ен-Ен.
Сторителот, кој го извршил нападот со пушка, по инцидентот извршил самоубиство со истото оружје.
Утврдено е дека напаѓачот (19) бил поранешен ученик на училиштето, кое го посетувал само до деветто одделение, а потоа се запишал во отворената програма за средно училиште, пренесува „Хуриџет“.
Безбедносните сили ги евакуираа повеќето ученици од училиштето.

