Ноа Миливојев (18) од Ковиље, којa исчезна на 17 јуни, е пронајденa мртва во стан во центарот на Белград. Убиецот ја искасапил до непрепознатливост во неговиот стан. Веднаш бил уапсен.

Ноа Миливојев е трансродова личност. Според неофицијалните информации на порталот Нова.рс, во кофи и торби биле пронајдени делови од телото. На терен се пет полициски патроли.

Мажот со иницијали О.Д. (33), кој беше уапсен за убиството на Ноа Миливојев (18), транс девојка по која се трагаше 20 дена, во полиција изјави дека не се сеќава кога ја убил девојката, ги исекол деловите од телото и ги фрлил во кеси, дознава „Блиц“.

Според информациите што ги имаме тој бил во врска со убиената девојка. Како што информираат од МУП, се сомневаат дека ја убил, а потоа го распарчил телото на жртвата, чии делови полицијата ги пронашла при претресот на станот. Деловите од телото на жртвата се испратени на ДНК анализа за да се потврди идентитетот.

-Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство на свиреп и подмолен начин, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава – се наведува во соопштението на МУП.

Според зборовите на сосетка на убиецот, тој важел за проблематичен млад човек, а таа често го гледала со различни девојки. Таа додава и дека ја видела Ноа пред две недели.

Моментот на апсењето на осомничениот

-Имаше инцидент меѓу нив двајца. Тие се расправаа. Таа викаше во зградата и бараше да ѝ ги врати работите. После тоа не ја видовме. Другите соседи ме предупредија дека е опасно и проблематично момче – вели сосетката.

Како што додава, по таа расправија го виделе убиецот како изнесува женски работи. Да потсетиме, Ноа Миливојев исчезна пред 20 дена кога се упатила кон своето момче.

Ноа Миливојев (18)

– Телефонот не и работи, можеби е исклучен, можеби е празен, ништо не знаеме и ги молиме сите што знаат нешто да не контактираат. Се слушна со нас на 17 јуни, кога отишла кај нејзиното момче „О“ од Белград, а тој тврди дека не ја видел. Ги молам сите да ни помогнат, ќе умреме од тага и болка – изјави претходно за медиумите нејзината мајка.