Според информациите, од рано изутрина полицијата и јавното обвинителство тргнаа да расчитуваат со политичкото криминално подземје во РЕК Битола, триесетгодишна корупциска пандемија оставена во наследство.

Во неколку градови забележано е зголемено полициско присуство во близината на домовите на лица за кои во јавноста се врзуваа милионските тендери.

Во изминатите 30 години, РЕК Битола се соочи со серија корупциски скандали кои го поткопаа најголемиот енергетски капацитет во земјата. Од манипулации со јавни тендери, корупција, до вработувања по роднинска линија и прикривање на еколошки прекршувања, низ годините се плетеше криминалната мрежа на злоупотреби и незконско работење.

Скандалите вклучуваа злоупотреби на службена положба, финансиски манипулации, и пренасочување на средства кон блиски компании, што ја чинеа компанијата но и државата милиони евра, а при тоа паѓаше ефикасноста на енергетскиот систем и се поткопуваше јавната доверба во институциите на системот.

Додека некои од случаите завршија со незабележани судски постапки, повиците за реформи и отчетност остануваат на маса, за што е потребно системско демонтирање на коруптивната мрежа.

Институциите се под притисок за конечно расчистување со ова историско наследство кое го кочи економскиот и енергетскиот прогрес на земјата.

Во текот на денот очекуваме повеќе официјални информации од надлежните институции за големата полициска акција.