Нов јак земјотрес утрово пред 6 часот и 30 минути во Босна и Херцеговина.

Предмалку повторно нов земјотрес на босанското тло ги вознемири граѓаните.

Имено според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар во 06:27 часот регистрираше земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала на 9 километри од местото Љубиње.

Од четвртокот па до денеска регистрирани се над 50 земјотреси.