Исак Андик, милијардерот основач на познатиот моден бренд Манго, почина во саботата во „несреќа“, соопшти компанијата.
Шпанските медиуми објавија дека 71-годишникот паднал од карпа и починал додека планинарел во планински венец недалеку од Барселона.
Неговиот син бил на местото на несреќата, пишува весникот Ел Паис, а пренесува Би-би-си.
Бизнисменот со турско потекло го основал Манго во Барселона во 1984 година, а синџирот сега работи во 120 земји.
Извршниот директор на Манго, Тони Руиз, во изјавата рече:
„Неговото заминување остава огромна празнина, но сите ние сме, на некој начин, негово наследство и сведоштво за неговите достигнувања. Од нас зависи и ова е најдобрата почит што можеме да ја оддадеме на Исак и ние ќе го исполниме, за да се погрижиме Манго да продолжи да биде проект на кој Исак се стремел и со кој би се гордеел“.