Шефицата на Oбвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска за ТВ21 најавува голема истрага.

Во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 таа не открива детали туку вели дека подоцна вечерва ќе има соопштение од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за кое смета дека јавноста ќе биде заинтересирана.

Таа истакна дека имаат многу актуелни случаи, за сега да се навраќаат на бомбите од пред 10 години.

„Секој треба да одговара. Колку што ми е познато имаше комисија формирано од страна на јавниот обвинител и тие материјали се наоѓаат во сефови“, вели Русковска.

На прашање за тоа дали таа има пристап до овие сефови, Русковска вели дека доколку смета дека нешто ќе и треба од таму, сигурно ќе добие пристап.