Во Баку, главниот град на Азербејџан вечерва се почувствува силно тресење на земјата. Жителите на главниот град почнаа да ги напуштаат своите домови.

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во 22:01 часот по македонско (00:01 по локално време), 46 километри североисточно од Качмаз, град на околу 150 километри од Баку. Потреси се почувствувани и во југозападниот дел на Русија.

Магнитудата била 5,4 степени, а епицентарот бил на длабочина од 35 километри. Нема опасност од цунами. Се уште нема извештаи за штети или жртви.

Локалната агенција АПА јави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени се случил во Каспиското Езеро, а потреси биле почувствувани во Баку и други региони на Азербејџан.