Вечерва се слушнале истрели од оружје во скопската населба Сингелиќ.

Најмалку еден е ранет во пукањето што предмалку се случило во скопската населба Ченто, дознава МКД.мк од свои извори.

Првичните информации на МКД.мк говорат дека во пукотницата еден е тешко ранет и е префрлен во болница на натамошно лекување.

Според првичните информации пукано е од автомобил во движење.

Повеќе информации од полицијата се очекуваат доцна вечерва или утре наутро.