Украинскиот репрезентативец Олександар Зинченко ѝ пратил порака на Русија на Инстаграм.
Зинченко, кој моментално го носи дресот на Манчестер Сити се огласил на својот профил на Инстаграм со емотивна порака во која порачал дека никој никогаш нема да може го присвои тоа што е нивно.
„Целиот цивилизиран свет е загрижен поради целата ситуација во мојата држава. Не можам да останам на страна и да не се обидам да го пренесам своето мислење. На фотографијата е мојата земја. Земјата во која сум роден, земјата во која пораснав“, напишал тој па продолжил:
„Земјата чии бои ги бранам на сите меѓународни натпреварувања. Земјата која се обидуваме да ја развиваме. Земјата чии граници мора да останат неповредени. Мојата земја им припаѓа на Украинците и никој нема да ја присвои. Никогаш нема да го дадеме тоа што е наше. Слава на Украина„, напишал Зинченко.
Зинченко оваа година запишал пет настапи за Сити во Лигата на шампионите, а во англиската Премиер лига настапил само осум пати.