Матурант од Техничкото училиште (18) во вторникот вечерта во Нови Пазар се самоубил со бесење во шумата кај семејната куќа во селото Јоше, а оваа трагедија го потресе целото место, јавуваат српските медиуми.

Локалните медиуми наведуваат дека тинејџерот бил одличен ученик со добро однесување. Селаните се шокирани од страшната трагедија и велат дека не можат ни да претпостават зошто младиот човек би си го одзел животот.

– Ништо не укажуваше дека тоа може да се случи – коментираат мештаните кои наведуваат дека тинејџерот бил „златно дете“ од добро семејство, не бил во конфликт со никого.

Пријателите и семејството се во шок, занемени од болката. Кога исчезнал, семејството веднаш стапило во контакт со неговите пријатели, го барале, но за жал, исходот од потрагата е трагичен. Роднините на матурантот кој изврши самоубиство велат дека семејството е во шок и дека никој не знае дека тој имал проблеми.

– Наместо да славиме матура, да се запише на факултет, ние денеска го погребуваме – рекол роднината.

Од училиштето каде што се школувало момчето, се огласил еден од професорите.

– Добро дете, образовано, одличен ученик со примерно однесување… Во шок сме. Училиштето е известено во средата наутро и навистина не можеме да веруваме дека тоа се случило – вели еден од професорите на ова училиште.