Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран од Турција беше пронајдено во поток, а ситуацијата околу овој случај се уште не стивнува. Нејзиниот вујко Селим е именуван како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се вперени и кон нејзината мајка и постариот брат.

Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиството на девојчето.

ЉУБОВНА ВРСКА – Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарин, Јуксел и чичко ѝ Селим. Се сомневаат дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и чичко ѝ во непријатна ситуација и затоа била убиена.

Сепак, чичкото Селим, кој инаку е во притвор, ја негираше врската со Јуксел.

– Не сме во врска. Нарин е ќерка на мојот брат – одговори тогаш.

Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и чичкото.

ЗЛОСТАВУВАЊЕ – Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарин, Енес (18). На неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби за кои полицијата се сомневала дека можеби ги направила неговата помлада сестра.

Се сомневаат дека Нарин можеби видела дека нејзиниот брат и неговите пријатели го малтретираат куче и дека ја убиле за да не каже никому што видела.

ОДМАЗДА – Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарин, Ариф и чичко ѝ Селим имале многу лоши односи.

Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка…“ и дека пораката била наменета за неговиот брат Ариф.

Иако многумина веруваат дека чичкото можеби го убил девојчето за да му се одмазди на својот брат, тој на сослушувањето во полиција негираше.

МАЈКАТА ГО ШТИТИ СВОЈОТ СИН – Според друга верзија, малата Нарин била задушена од нејзиниот брат бидејќи наводно го видела како консумира недозволени супстанци. Се сомнева дека мајката од почетокот знаела што се случило, но молчела за да го спаси синот.

Откако наводно ја убил својата сестра, Енес го повикал својот чичко, инаку началник на селото, да им помогне да се ослободат од телото.

Се сомнева дека тие одлучиле да прикрие се за да не изгуби уште еден млад член од семејството. Во моментот на исчезнувањето на девојчето, нејзиниот татко не бил во селото.

Полицијата уште од почетокот добивала погрешни информации од роднините, поради што дел од нив биле уапсени поради попречување на истрагата.

ЧИЧКОТО ГО ДАЛ ТЕЛОТО НА ЛОКАЛЕН МАЈСТОР – Да потсетиме, занаетчија од селото, кој е меѓу 24-те уапсени во случајот со убиството на девојчето, вчера призна дека чичкото на Нарин му го дал телото да се ослободи и дека му нудел пари за оваа услуга.

Да потсетиме, прелиминарните резултати од обдукцијата покажаа дека девојчето има повреди на вратот и скршеница на ногата.

Нарин исчезна на 21 август оваа година во областа Баглар во Дијарбакир, кога беше започната голема потрага.

Во рамките на истрагата, чичкото на Нарин беше претходно уапсен и осомничен за убиство со умисла, но семејството не верува дека нивниот роднина е виновен.