Големиот господин на театарот, телевизијата и филмот, Мето Јовановски, угледен македонски и југословенски актер, почина на 78-годишна возраст, оставајќи зад себе кариера достојна за почит. Шармантниот, ненаметлив Мето Јовановски, според сите оценки, беше посебен актер, пишува белградска ПОЛИТИКА во текст посветен за големиот Мето Јовановски.

Роден е на 17 јануари 1946 година во Панчарево, тогашна општина Берово, во источна Македонија, покажувајќи го својот уметнички талент многу рано. Во Делчево, каде студирал основно училиште, бил член на драмската секција и го привлекувал вниманието со својата актерска личност. Оттука и првата улога во претставата „Злобна жена“ од Јован Стерија Поповиќ.

Гимназиските денови ги поминал во Штип, каде што студирал на Вишата педагошка школа. Паралелно работел во Народниот театар во Штип, кој му отворил нови хоризонти, а недолго потоа актерот и режисер Илија Ареф, директор на овој театар, го наговорил да студира глума. Во 1966 година влегол во Театарската академија во Софија, а четири години подоцна се стекнува со академска диплома како член на последната генерација на познатиот професор Бојан Дановски. Набрзо се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде што членувал 40 години. Речиси истовремено во неговиот матичен театар работеа младите и талентирани режисери Слободан Унковски, Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, како и режисери од Белград.

Во текот на кариерата Мето Јовановски оствари бројни сценски улоги: Тодор Похристов, Вани Урумов, Чавче, Хамо, Симон, Божо Муња, Јован Бургер, Илко… Сепак, насловната улога во претставата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Слободан Унковски ја одбележа, како што велеше, неговата театарска кариера.

– Шекспировиот Хамлет е предизвик за секој актер. Тоа е нешто како Монт Еверест: врв што не се освојува лесно. Потребни се големи психофизички и креативни подготовки. Учење со часови и анализирање на големи монолози, дијалози… Нурнување во непознат свет, лавиринт без знаменитости што е предизвик и подвиг. Тоа е лик кој те гради и умствено те збогатува – рече Јовановски.

Првата филмска улога Мето Јовановски ја има во 1971 година, во филмот „Македонски дел од пеколот“, каде играше партизан. Следната година заедно со Неда Арнериќ и Бата Живојиновиќ игра во филмот „Проклети сме Ирина“ во режија на Коле Ангеловски. Автентичен, впечатлив, секогаш различен, суверен во својот уметнички израз, многу брзо се истакна како еден од водечките драмски уметници во Македонија, но и во цела Југославија. Во времето на поранешна Југославија најчесто бил во друштво на актерите Павло Вуисиќ и Столе Аранѓеловиќ.

– Тоа се великаните што ги обожавав. Беа толку едноставни и природни, и во животот и на екранот. Едноставно, денес на Балканот нема такви раскошни актери – рече Јовановски, кој љубителите на филмот го паметат по брилијантните улоги во филмовите „Стршлен“, „Нечиста крв“, „Среќна Нова ’49“, „Засега без добар наслов“, „Куќа до железница“, „Секс – партискиот непријател број 1“, „Доротеј“, „Кога ќе се раздени“… Мето Јовановски ја освои филмската публика особено со ликот на д-р Саша Псалтиров во филмот „Пред дождот“, во режија на Милчо Манчевски, но и со глумење во филмот „Бел, бел свет“, во режија на Олег Новковиќ.

Создаваше Мето Јовановски низ целата земја, соработуваше со бројни режисери и колеги актери без да размислува за припадност и политичка определба. И тој остана југоносталгичен и човек кој ја сакаше својата земја.

– Живееме во време на големи промени, девијантни, ретроградни појави и бројни конфронтации. Во таква средина, како уметник, не би можел да кажам дека сум среќен и слободен. Многу се употребува зборот демократија, но демократијата не е анархија – знаеше да забележи Јовановски, добитникот на најголемите награди за улогите.

На прашањето зошто сме лоши деца на историјата, тој одговори вака:

– Затоа што станавме арогантни, дрски, бескомпромисни, лажечки, нехумани еден кон друг. Затоа што заборавивме на вистинските, изворните, традиционалните вредности, поточно на тие библиски, универзални, цивилизациски вредности. Затоа што заборавивме на Божјиот лик, иконата Божја, која е водилка и единствена вистинска знаменитост за секој човек. Затоа што станавме она што не смееме да бидеме, слепи срца, затоа што прифативме дека „Господин Долар“ е самиот Бог, а ние сме негово послушно и верно „чедо“.

Мето Јовановски беше добредојден гостин во Белград и Србија. Тој е горд и на големиот успех на телевизиската серија „Село гори, баба се чешла“ во режија на Радош Бајиќ, во која играше и тој.

– Белград е голем културен центар: метропола, и како таков се развива со децении, години. Играв во претставите во Народниот театар во Белград, Ателје 212, Југословенскиот драмски театар… Снимав филмови по белградските улици, имав можност на моменти да го почувствувам пулсот на градот… Стекнував пријатели.. Сеќавањата ми се заеднички филмски проекти, дружења и пријателства на снимање и разни фестивали од „Триглав до Гевгелија“… Сеќавањата ми се и наградите што ги добив, најмногу поради луѓето кои ги добиле пред мене, но и оние кои ми ги годелиле. Посебно ја издвојувам гран при „Челе-кула“, за улогите во филмовите „Среќна нова ’49“ и „Татовирање“ – се присети во свое време Јовановски со зборовите:

– На свечената церемонија кога ми беше врачена „Челе-кулата“ за „Тетовирање“, се почувствува краток, благ земјотрес. Во салата настана мала паника, а потоа се се смири. Некој фрли од публиката: „Мето, кога ти добиваш награди, се тресе и земјата“ – рече Јовановски, кој често цитираше, една народна изрека:

„Човек може да направи скок онолку колку што му дава средината во која живее“.

Извор: politika.rs