Денеска е голем христијански празник, македонската православна црква и нејзините верници го одбележуваат Спасовден.

Овој ден, Спасовден е еден од десетте големи празници кои се посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден).Спасовден е секогаш е во четврток.

Според народните обичаи, оние кои го празнуваат овој голем ден, Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Старите обичаи наложуваат на овој ден да не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година, а се верува и дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.