Шокантна снимка е снимена при нападите врз Израел, при што многу патници останаа заробени на аеродромите во поголемите градови, додека небото е полно со ракети.
Една таква сцена е снимена на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, каде патниците биле принудени да се кријат од можни напади лежејќи на пистата и покривајќи ги своите тела.
На снимката од аеродромот се гледаат деца како лежат на пистата, додека некои патници разговараат на телефон, претпоставувајќи дека разговараат со своите најблиски и проверуваат кога се нивните следни летови.
View from Ben Gurion Airport in Tel Aviv now: flight passengers forced to wait out the air raid lying on the ground. pic.twitter.com/JsJVYhLaxZ
— NEXTA (@nexta_tv) October 7, 2023
Насекаде одекнуваат експлозии
Во позадина се слушаат сирени кои најавуваат нови напади, а потоа и експлозии на ракети истрелани кон Тел Авив.
Потсетуваме, канонада ракети беше истрелан над Тел Авив по заканите од Хамас, додека новите информации говорат дека нова рунда ракети била истрелана во Газа. Новиот напад погоди повеќе локации во Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.
Вооруженото крило на милитантната група Хамас денеска соопшти дека истрелало 150 ракети кон Тел Авив, пренесува „Ројтерс“. Претходно денеска палестинската исламистичка група Хамас истрела голем број ракети кон јужните делови на Израел, а сирените се огласија во Тел Авив и Бершева.
Хамас соопшти дека при првото гранатирање биле истрелани 5.000 ракети, додека израелската армија соопшти дека станува збор за околу 2.500 ракети.