Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. По патиштата во Киев се појавија билборди на руски јазик: „Не станувајте убијци“, „Одете си дома“, пишуваат медиумите.

Дополнуваат дека зад поставените барикади жителите на главниот град на Украина уверуваат дека „ќе му одржат лекција на непријателот“.

Во тоа е сигурен и Андриј Иванјук, комичар и режисер од Киев. Тој ги одвел сопругата и детето на безбедно пред да се врати да се бори во Киев, ја пренесуваат неговата приказна агенциите.

„Русија не е дома овде, никогаш не била“, рекол 30-годишникот. „Нашата земја ќе биде нивниот гроб“, додал тој.

„Ќе ги пречекаме со молотови коктели, куршуми во глава, така ќе ги пречекаме“, изјавил Виктор Рудниченко, банкарски службеник, според новинарски напис.

„Единственото цвеќе што ќе го добијат од нас ќе биде за нивниот гроб“, додал 30-годишникот.

Во новинарските извештаи се анализира дека краткиот одмор, благодарение на преговорите меѓу двете земји на белоруската граница, им дал можност на жителите на Киев да организираат одбрана откако беа шокирани од руските напади.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸