Младиот фудбалер на ФК Мрачлин, Петар Бартолиќ загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 23 часот и 50 минути во Велика Горица, Хрватска.

Според хрватските медиуми, несреќата се случила на улицата „Славко Колар“, а Бартолиќ загинал додека во возилото е повреден 21-годишен сопатник, а лекарска помош му била укажана во Клиничкиот центар во Загреб.

Оваа информација ја потврди и ФК Мрачлин, кој излезе со соопштение, кое го пренесуваме во целост.

„Драги пријатели, голема тага…синоќа нашиот играч, нашиот драг Перо, почина во несреќа… Надвор од теренот, понекогаш самобендисан, но секогаш подготвен за шеги и насмевки… но на теренот, брз, продорен, одличен дриблинг,…играч кој во секунда ќе ги доведе нашите навивачи од возбуда до лудило…Им посакуваме многу сила на семејството и пријателите!Перо почивај во мир, се наведува во соопштението.