МВР денес излезе со официјални информации за несреќата, што се случи вчера доцна попладне, во која животот го загуби Насир Зендели од гостиварско Чегране, брат на Муфтијата Сабахудин Зендели, објави денеска gostivarpress.mk.
„На 23.10.2021 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Ласкарци, општина Сарај, патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране, гостиварско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.“, соопшти МВР.