Тринаесет годишната Кортни Хадвин направи ерупција на „Америка има талент“.

Таа на сцената се појави со голема трема, па дури и не беше сигурна во тоа што го зборува, но кога почна музиката таа се претвори во лавица која на нозе ја дигна целата сала и жирито.

-Беше мало срамежливо суштество кога излезе на сцената. Но, кога почна да пееш стана лавица, искоментира Сајмон Ковел по настапот на Кортни.

Она што таа не го очекуваше, беше златниот тастер кој го притисна Хови Мандел.

-Ти не се од оваа ера, рече Мандел.