Наталија Взина ги оставила децата голи, во шума, на -15 степени, да умрат од студ.

Руските медиуми јавуваат дека причина за овој суров обид за убиство е „нејзиниот срам што живее во грев“.

Бидејќи не можела повеќе да живее вака, ги спакувала во автомобил своите три деца Григорија (9), Лазар (2) и нејзината 11-месечна ќерка Марта, се соблекла себе си и ги соблекла и децата и отишла во шумата.

За среќа, еден човек токму тогаш го шетал своето куче и така ги нашол. Сите биле во катастрофална состојба.

Децата биле со тешка хипотермија и сигурно ќе умреле во следниот час доколку не налетал на нив. Наталија имала силна премрзнатост на нозете и рацете и веднаш биле хоспитализирани.

Наталија веќе подолго време е во врска со руски милионер, кој е оженет и има четири деца. Го запознала кога почнала да работи во една од неговите златарници. Набрзо започнале врска. Тој бил исклучително дарежлив, па ѝ купил куќа во луксузно предградие на Москва каде што живеела со три деца.

Меѓутоа, по три деца се покајала, па почнала да се чувствува виновна, барем така пренесуваат руските медиуми.

Нејзиниот љубовник се „шокирал“ кога ги видел во болница и веднаш им понудил да го преземе старателството над децата, меѓу кои и Григорије, синот на Наталија од првиот брак.

За да се одбрани, Наталија рекла дека некој и ставил „нешто“ во храната и дека воопшто не била свесна додека боса шетала низ шумата со голите деца на крајниот студ.

Истрагата е во тек. Децата за среќа се опоравуваат, а Наталија ќе ја набљудува и утврдува нејзината психичка состојба.