30-годишна битолчанка вчера пријавила во полиција дека била натепана со дрвен предмет и силувана од нејзиното момче, соопшти МВР.
„На 08.05.2025 во 11:10 часот во СВР Битола, 30 – годишна битолчанка пријавила дека, по претходна расправија, нејзиното момче од Битола физички и со дрвен предмет ја нападнало и со употреба на сила извршило обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полицискиот билтен.