НАТО Алијансата за првпат ги активира силите за брза реакција како одговор на руската инвазија на Украина.
Врховниот командант активира мултинационални сили составени од специјални сили на Армијата, маринците и воздухопловните сили кои можат брзо да се активираат и испратат.
Сепак, тоа не значи дека американските или НАТО силите ќе одат во Украина, која не е членка на Алијансата.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно спомена дека американските сили што ги испраќаат ќе бидат смирување за нервозните земји поради агресивните дејствија на Русија, пишува Си-Ен-Ен.