Често се зборува за големината на пенисот, но речиси никогаш не се зборува за просечната големина на вагината. Време е тоа да се промени!
Момци, најпрво да ви го кажеме ова – без оглед на тоа дали сте „надарени“ или просечни, ова е доказ дека тоа воопшто не е важно!
Имено, “длабочината“ на просечната вагина е нешто помала од просечната должина на пенисот, што е веројатно и причината зошто жените не мислат за пенисот во стил „колку поголем – толку подобро“.
Секс истражувачите Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон се првите научници кои се занимавале со големината на женскиот полов орган, во далечната 1966 година.
Тие тогаш ги мереле „женските делови“ на стотици дами кои дотогаш не раѓале деца и откриле дека „длабочината“ на просечната вагина е измеѓу седум и осум сантиметри, а при ерекција се зголемува до 11, 12 сантиметри.
Тоа значи дека дека должината на пенисот е околу осум сантиметри поголема од доволната за задоволство. Освен тоа, Г – точката е сместена на околу 4.5 сантиметри до предниот вагинален ѕид – така што мажите кои имаат просечен пенис можат да ја задоволат жената и на овој начин.
Нова студија, во која учествувале и жени кои имаат деца, покажала дека длабочината на најмалата вагина е 6.9 сантиметри, а длабочината на најголемата е 14.8 сантиметри.
Ако сега се прашувате како се „котира“ должината на вашиот пенис во однос на просечниот, еве неколку бројки врз чија основа можете да стекнете впечаток.
Според истражувањата, должината на просечниот пенис во ерекција е 13.2 сантиметри, има обем од 11.7 сантиметри. Просечниот пенис кога не е во ерекција е долг 9.1 сантиметар, а има обем од 9.3 сантиметри.
Во секој случај, немојте да се оптоварувате со големината на својот полов орган бидејќи за секоја големина постои секс поза која „прави чуда“.