Некои имиња се популарни, некои излегуваат од мода, а кое да го изберете за вашето дете зависи од личниот избор на секој поединец. Најдоброто име за бебе е она што вам ви одговара.
Меѓутоа, експертот за лингвистика д-р Бодо Винтер, со своите колеги од Универзитетот во Бирмингем, одлучил да се позанимава со прашањето кои се научно најубавите имиња.
Пристапот на д-р Винтер беше вкоренет во врската помеѓу звучноста на името и неговото значење. Бидејќи некои зборови му звучат подобро на човечкото уво од другите, поголема е веројатноста да поттикнат позитивни чувства кога ќе ги слушнеме.
„Имињата кои беа највисоко рангирани предизвикаа најпозитивни емоции кога беа изговорени на глас и затоа веројатно ќе звучат најубаво на човечкото уво“, стои во заклучокот на истражувачкиот тим.
Кога станува збор за женските имиња, Софи го зазема првото место. Името е изведено од грчкиот збор Софија, што значи мудрост или знаење. Кај нас може да се слушне и варијантата Софија која е во 50-те најпопуларни имиња. Меѓу имињата за момчиња, на тронот е името Метју.
Научно најубавите имиња за девојчиња:
Научно најубавите имиња за момчиња: