Равен Сандерс стана вистинска сензација на социјалните мрежи, а сето тоа поради необичниот изглед на овогодинешните Олимписки игри во Париз.
Равен се натпреварува во дисциплината фрлање ѓуле, а со своите појавувања го привлекува вниманието на јавноста. Како што може да се види, оваа Американка ги носи своите маски како заштитен знак за време на настапите на Олимписките игри.
Како почна тоа? Таа прво почна да носи маски за време на пандемијата на коронавирус, а потоа и стана навика. Во тоа време носеше разни маски, пред се суперхеројот Халк, па дури и ликот од стрипот Џокер на DC… Иако заврши пандемијата, Сандерс ја задржа маската.
Според неа, маските служат за да се избегне каков било разговор со останатите олимписки натпреварувачи.
„Сакам да бидам мојот најголем поддржувач. На натпревари велам „го имаш, можеш да го направиш тоа, ти си победник, треба да дадеш се од себе, мора да победиш“. Такви работи и многу други афирмации се начин да си дадам сила без мешање на други луѓе“, откри таа во 2021 година.
Но, контроверзите околу Сондерс не застануваат тука. Имено, иако оди на втор последователен олимписки медал во женска конкуренција, таа не дозволува да ја нарекуваат жена.
Саундерс се декларира како небинарна личност и бара да не и се обраќаат со „таа“, туку со „тие“, што можеше да се види и на денешниот ТВ пренос од натпреварот.
More gender madness at the Olympics in the women’s shot put. The host introduces Raven Saunders, saying “it’s good to see her back”.
He is promptly corrected by his co-host, saying “they are actually non-binary”.
If they’re not a woman, why are they in the women’s competition? pic.twitter.com/i0FFHyAWKX
— James Esses (@JamesEsses) August 8, 2024
На оваа спортистка децата и го дадоа прекарот Хулк, поради нејзиниот необичен изглед. Како што одминуваше времето, Равен научи да го сака овој пекар и целосно се идентификуваше со него. Денес таа е женскиот Хулк на овогодинешните Олимписки игри.
Сандерс, која сака да свири клавир во слободното време, го имаше своето олимписко деби во Рио, каде што заврши на петтото место во фрлање ѓуле и освои сребро во Токио. Пред да се посвети на атлетиката, Американката играше кошарка.
“Играм кошарка од трето одделение. Размислував да се преселам на Флорида за да живеам со моите роднини пред да почнам да фрлам ѓуле. Тоа ми даде причина да останам дома и да тренирам”, изјавила таа.