Марија Шерифовиќ во интервју за „Блиц“ открива нешто што јавноста не го знаеше до сега – дека со години се обидувала да остане бремена и да има бебе.
– Големата желба да имам дете ме поведе низ овој многу сложен и напорен процес. Иако во неколку наврати се обидов сама да ја носам бременоста, поради тешкотиите низ кои поминував не успеав. Така, сурогат опцијата се покажа како единствената опција за мене, вели Марија и додава дека не сака детално да зборува за своето здравје:
– Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството конечно беше мојот единствен избор.
Марија по раѓањето на синот ја сподели првата фотографија на својот Инстаграм профил, со многу емотивен опис. Во оваа прилика таа ја изрази љубовта кон нејзиниот син и благодарноста до сите кои и дадоа поддршка во овој важен момент од нејзиниот живот.
-Пред две години поминав низ процес на вадење на моите јајце клетки и потоа создавање на ембрион. После сите тие генетски тестови, таа дознала дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио – изјавила пејачката, а не сакала да го открие идентитетот на таткото.
– Поради договорот за приватност не можам да ги споделам сите информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа – изјави Шерифовиќ за медиумите. Шерифовиќ истакна дека нејзиниот пат до мајчинството бил долг и исполнет со бројни предизвици. Овој процес беше проследен со генетски тестови, а резултатот беше раѓањето на нејзиниот син Марио.