17-месечното девојче К.М., кое во петокот падна од вториот кат во центарот на Краљево, за жал починало од повредите денеска попладне во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац, јавуваат српските медиуми.

Бебето од Општата болница „Студеница“ во Краљево итно било пренесено во Крагуевац, каде веднаш по несреќата и биле констатирани повеќекратни скршеници и тешки повреди на черепот и внатрешно крварење.

Во оваа угледна здравствена установа била примена во несвест и во многу тешка состојба, веднаш била интубиирана, но и покрај огромните, дводневни напори на лекарите од Ургентниот центар на УЦК Крагуевац да и го спасат животот, девојчето за жал подлегнало на повредите.

Потсетуваме, оваа несекојдневна трагедија се случи минатиот петок, околу 13 часот, под се уште неразјаснети околности, кога девојчето паднало низ прозорецот од семејниот стан на вториот кат од станбена зграда на улицата „Октомвриски жртви“ во центарот на Краљево.