Влатко Кешишев, осомничен киднапирањето и убиството на Вања е донесен во Кривичниот суд. Беше спроведен од затворската полиција. За разлика од претходниот спровод кој го правеше МВР, овојпат, затворската полиција на затворот „Скопје“ во Шутка не го сокри неговиот лик.
Осомничениот со лисици на раце беше спроведен во Кривичниот суд. Таму ќе се решава за продолжување на неговиот притвор. Станува збор за лице кое делувало со Љупчо Палевски-Палчо, било во негово опкружувањата, а пред полицијата и Обвинителството, ги признал сите дејствија кои ги направил за киднапирањето и убивањето.
– Инаку К.В во Штип е познат како најчесто вработен во угостителските локали и подолг период бил на работа во Грција. Оние кои го познаваат велат дека воопшто не покажувал агресивност и не бил конфликтен Како влегол во оваа злосторничка шема полицијата веројатно ќе соопшти наскоро, објави локалната Телевизија Стар.
Според извори блиски до истрагата, К.В. детално го опишал своето учество во злочинот, но исто така ги вмешал имињата на Љ.П. и В. М.како свои соучесници.