Професорот по кривично право Ѓорѓе (Ѓорѓи) Марјановиќ почина на 83 годишна возраст.

Од него преку социјалните мрежи се простија проф. Гордан Калајџиев и адвокатот Александар Тортевски.

📸

Марјановиќ беше професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Познат е по своите колумни во весникот „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје.

Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: “Правните последици на осудата”.

Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата “Правната положба на осуденикот по издржаната казна”. Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).