На сите им се случува да кажат некој гаф, но и да изреагираат многу смешно.
Водителка на американската телевизија „Еј-би-си њуз“ во еден миг толку се исклучи од тоа што се случува околу неа, што речиси и заспа пред камерите. Таа одлета во некој свој свет и замисли и не забележа дека прилогот кој го најави веќе завршил и камерите повторно ја снимаат во живо.
Во мигот кога погледна кон камерите сфати дека колегите ѝ мавтаат во позадина за да се разбуди. Штом сфати дека веќе ја снимаат во живо, наместо смирено да продолжи таа речиси скокна од уплав и молскавично го најави следниот прилог само за што побрзо да ја тргнат од екраните.
Водителката сигурно после вестите била повикана на разговор кај уредникот. Прашање е како завршила средбата, но повеќе од сигурно е дека повеќе нема да дреме на вести.
Погледнете ја водителката која „не очекуваше“ да ја вклучат во програма додека си фантазира.