Новогодишен дневник наменет за целата публика. Програмата може да содржи елементи со заразно смеење, но надзор не е неопходен, порачува телевизија Сител во Новогодишниот дневник за годината која изминува.

И оваа година, како и сите претходно, телевизиските гафови се нераскинлив дел од новинарската професија. И не само новинарите, тука се и главните политички фаци во Македонија каде секако кога збориме за гафовите неприкосновен е премиерот во оставка и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, но и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, првиот парламентарец Талат Џафер и низа други партиски и државни функционери.

Да видиме како помина 2021 година од призмата информативната програма на телевизија Сител, која и годинава не пропушти на крајот од годината на гледаќите да им ја сервира и смешната страна. Па така, веруваме дека во следните 17 минути слатко ќе се насмеете и барем за момент ќе заборавиме на тешките случувања кои ја одбележаа годината која за помалку од 4 часа заминува.

Уживајте!