Страшна информација доаѓа од Јабланица која беше погодена од катастрофални поплави и одрони. Како што претходно објави АВАЗ, најмалку 15 загинати, а до 20 лица се водат како исчезнати.
Сепак, бројот на загинати, со оглед на состојбата на терен, ќе биде многу поголем, пишува АВАЗ.
Според информациите на АВАЗ, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 лица од поплавите. И тогаш поројот го повлекол синот и за жал го однел.
Се сомнева дека загинале и голем број граѓани на Јабланица за кои претходно се мислеше дека се само повредени. Дежурните обвинители на Обвинителството на ХНК се на терен.