Се поголем е бројот на спортистки кои се појавуваат на страницата за возрасни „OnlyFans“. Меѓу последните кои решија да заработат пари на овој начин е ММА борачката Алис Арделин (30). Таа пред два месеци ги изненади сите со тоа што призна дека отворила профил на оваа страница и дека таму ги објавува своите разголени фотографии, но сега објасни и зошто го направила тоа.
Еден ден додека била во теретана, Алис решила да се испроба на сајтот за возрасни и почнала да објавува провокативни и разголени фотографии од себе и сфатила дека тоа е одличен финансиски потег.
Девојката која живее во Бирмингем, но по потекло е од Романија, се занимава со ММА од својата 12-та година и не се откажува од тоа, а до неодамна работеше и како обезбедување. Но, кога сфатила дека не може да живее како што сака од сите тие работни места и дека не може ниту да ја финансира кариерата во ММА спортот, решила да го направи последниот чекор и се „појавила“ на „OnlyFans“. Поради ваквиот чекор добила огромни критики, најмногу поради љубоморните жени чии сопрузи се претплатиле на нејзиниот профил.
Морав да им кажам: „Не сум тука за да ви го украдам мажот“. Тоа е само моја работа и не се мешам во вашата работа. Не сум јас виновна ако вашиот сопруг дојде на мојот профил на „OnlyFans“, изјавила Алис.
Овој пат таа реши малку поискрено да проговори за профилот на „OnlyFans“ и содржината што ја објавува таму. Таа призна дека заработува многу повеќе отколку што можела да очекува, но дека нема да ја остави ММА организацијата поради сето тоа и дека нејзината цел е максимално сериозно да се занимава со тој спорт во иднина.
Точно е дека не морам повеќе да се борам, но ако престанам да се занимавам со тоа, тогаш тоа повеќе нема да бидам јас. Тоа е дел од мојот живот и мислам дека имам уште најмалку пет добри години да се занимавам со овој спорт на врвно ниво. Физички се чувствувам одлично бидејќи ова го работам 12 години активно. Сакам да бидам дел од УФЦ и да имам добри борби. Со ММА сакам само да го исполнам својот сон. Што се однесува до „OnlyFans“, постојано ме критикуваат. Многу луѓе ми кажуваат дека немам достоинство, но само ќе ви кажам дека вашето достоинство не ги плаќа моите сметки. Каде е достоинството кога треба да работиш секој ден од 8 до 17 часот до крајот на животот пред да умреш. Некои луѓе се само ограничени.
Пред да станам дел од „OnlyFans“, не можев ни да тренирам правилно. Немав пари за најобична опрема, а не па за друго. Сега имам помеѓу 4 и 6 тренинзи секој ден и тоа со најдобрата можна опрема, вели Адрелин.
Моментално Алис има пет последователни победи во кафезот на УФЦ, а следната борба е закажана за 5 март. Таа наводно заработува околу 11.300 евра месечно од својата „втора“ работа и објавување провокативни фотографии на „OnlyFans“.